Најстудено утрово е во Берово и во Маврово со -13 сетепени Целзиусови. На Попова Шапка се измерени -12, во Крива Паланка -11, Скопје и Битола -10, во Штип, Куманово, Демир Капија, Дебар и Крушево -9, во Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -7, Гевгелија -5 и Дојран -4 степени Целзиусови.
Од УХМР инфромираат дека највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 сантиметри, во Маврово е 38, а во Крушево осум.
Времето денеска ќе биде сончево и студено со слаб ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне од 0 до 8 степени Целзиусови.
Во Скопје сончево и студено. Максималната температура ќе достигне 4 степени Целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.