Метеоролошкиот сервис AccuWeather ја објави долгорочната прогноза за претстојната зима според која за подрачјето на Велика Британија, Скандинавија и остатокот од Северна Европа се очекуваат силни бури уште на стартот на зимата, а на Балканот таа ќе биде блага – без силни температурни осцилации, а ќе изостанат и големите количини врнежи.

Додека во поголемиот дел на Европа ќе има многу бури, снег и продор на студени бранови, на Балканскиот полуостров се очекува прилично мирна зима.

Ќе има бури, но тие нема да бидат толку изразени како минатата година- прогнозира метеорологот Џејсон Николс. Наместо тоа, ќе се појават спорадични бури помеѓу продолжени суви периоди.

Овој регион би можел да има долги суви и топли периоди, проследени со невреме кое ќе трае една недела, а потоа ќе се врати во сув временски период од две или три недели “, вели метеорологот Тајлер Ројс.

На Јадранот пак не се ни очекуваат зачестени удари на олујни бури, предвидуваат метеоролозите на AccuWeather .

Тоа ќе допринесе за оскудна снежна сезона во планините-додал Ројс.

Најостриот зимски студ ќе ја зафати источна Евеопа и источна Скандинавија.

Почетокот на зимата нема да го обележи ниту продор на силни и изразени студени бранови, но тоа би можело да се случи пред крајот на зимата.

Можеби ќе видиме неколку кратки ладни бранови во декември, но вистинската студ нема да се случи до подоцна во сезоната“, рекол Ројс.

Најмногу снег и студена студ се очекуваат кон крајот на декември, и почетокот на јануари на подрачјата од Финска до Украина. Се очекуваат големи количини снег на тие подрачја да има се до крајот на февруари. Студените бранови кои од тоа подрачје ќе доаѓаат во Европа кон крајот на зимата да зафатат и подрачја на Полска, Словачка и Романија.

Активен почеток на сезоната на силни ветрови се предвидува за британските острови, северна Европа и Скандинавија.

Оваа година тоа подрачје веќе го погодија неколку бури, вклучувајќи ја бурата Лоренцо, која во еден момент била ураган од петта категорија над Атлантскиот океан. Меѓутоа, зачестеноста на бурите нема да достигне врв се до почетокот на 2020 година.

Метеоролозите предвидуваат дека бурите ќе бидат најактивни во почетокот на јануари.

Поради тоа делови на Велика Британија ќе биде под закани од големи поплави, а крајот на сезоната бура се очекува кон крајот на февруари и почетокот на март.

Вториот дел од зимата ќе биде многу помирен отколку почетокот-предвидуваат метеоролозите.

 

Додека олуји ќе беснеат во северна Европа, поголеми количини дожд и снег би требало да донесат олеснување за поголем дел од Европа – од Португалија па се до Полска, откако тоа подрачје го погодила голема суша во текот на летото. Реката Рајна во текот на летото пресушила, а есента не донела поголеми количини дожд кои би помогнале во решавање на тешката ситуација- предвидуваат метеоролозите.

 

Иако Пиринејскиот полуостров конечно ќе доживее олеснување од долготрајни периоди на суша, поголеми количини ќе доведат до развој на вегетацијата, што во пролетта и летото би можело да доведе до проблеми и беснеење на шумски пожари-предупредуваат метеоролозит.

Во северните Алпи се очекуваат и големи количини снег, поради што метеоролозите повторно предупредуваат на проблеми кои би можеле да се појават кон крајот на зимата, кога снегот почнува да се топи како лавини и поплави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.