Поради уличен дефект од Ф-250 мм на ул. „Македонско Косовска Бригада“ бб, спроти Вива Фреш во населба Чаир, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. М.К.Бригада крак 11 и касарната Илинден. Водоснабдувањето е прекинато од 10:10 часот, а ќе трае до санирање на дефектот, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Исто така, поради изведување водоводен приклучок од Ф-150 мм на ул.„Партениј Зографски“ бр.14 во населба Центар,со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул.„Партениј Зографски“ и потегот од улица „Ѓорги Скрижевски“ до ул. „Востаничка“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со активностите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.