Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека денеска без вода ќе бидат село Драчево, населба Драчево, село Долно Лисиче, Студеничани, село Батинци, село Морани, Орешани и Зелениково.
Причина за тоа е отстранување дефект на водоводна цевка со пречник од ф 600 мм во кругот на Пумпена станица Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
Без струја утре (понеделник, 6 ноември) поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, од 09:00 до 13:00 часот, ќе бидат корисниците на ул. Борис Сарафов, ул. Андрија Зограф, дел од ул. Ѓорче Петров и објектот на ОУ Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.