Регионалниот центар за управување со кризи, по известување добиено од ЕВН Македонија известува дека делови од Карпош и Ѓорче Петров утре ќе останат без електрична енергија.

Од 9 до 10 часот, поради планирани технички зафати во електросистемот, струја ќе немаат корисниците од бул. „Партизански одреди” бр.165 во Ѓорче Петров.

Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат и корисниците од зградите бр.7 и бр.8 на ул. „Руѓер Бошковиќ” и од зградите бр.4 и бр. 7 и индивидуалните објекти со броеви 2, 4 и 7 на ул. „Бранислав Нушиќ во општина Карпош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.