Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Илинден.
ОД РЦУК – Скопје информираат дека од 8:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Водоча“ и ул. „Мите Богоевски“ бр. 2 во општина Аеродром, од 8:30 до 13:30 часот дел од улиците „Јустинијан Први“ и „Речиште“ после училиштето во село Драчево, како и дел од ул. „Студеничанска“ во општина Кисела Вода.
Без струја утре од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат и корисниците од село Кадино, фирмите Амајлија, Метал Амајлија, Гранд Кадино, Интергрос и дел од село Марино во Општина Илинден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.