Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром и Зелениково, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селото Долно Лисиче и делот кон Драчево во општина Аеродром.
Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од бул. „Видое Смилевски Бато“ спроти ПСС Ново Лисиче – блок 1, 3, 5, 9, Општина Аеродром.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селото Зелениково околу Млекарата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.