Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Центар и Карпош, информираат од РЦУК – Скопје по добиената информација од ЕВН Македонија АД.
Во периодот од 08:30 до 11:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улица „Тодор Чангов” – помалите подулици, како и корисниците лоцирани во делот од главната улица кон населба Лисиче во Општина Аеродром.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Дебарца” и „Антоние Грубишиќ” во Општина Центар.
Во период од 10:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. „Демир Трајко” од бр.2 до бр.12. во Општина Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.