Вечерва интензивно врне снег на Попова Шапка, на радост на љубителите на скијањето, но не и на тие што ги очекуваат првите пролетни цутови.
Снег ноќва без престан паѓа на Попова Шапка, каде како што објави порталот Курир, викендов времето може да го искористат сите љубители на природата, планината и скиењето.
Засега нема нов снег на Маврово, каде што во пол ек е скијачката сезона.
За време на викендот во Македонија ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни утре попладне и во текот на ноќта над 25 литри на метар квадратен.
Од УХМР наведуваат дека локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер над 80 километри на час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.