Апел за помош: Неподвижен скопјанец се дави во сопствените фекалии

Сервиси 13.09.2020 / 21:57

Скопјанец кој живее на улица „Паризански одреди„, бр 1716/2-34 околу еден месец е оставен сам на себе, неподвижен и не може да се грижи за себе. Оваа страшна приказна со неговите фејсбук пријатели ја сподели неговиот сосед, Павле Славковски, кој јавно ги повикува институциите да преземат нешто.

Нема блиски роднини во Скопје, само една братучетка од Јосифово која повремено доаѓаше на неколку дена и се грижеше за него додека не се откажа дефинитивно минатиот петок. Човекот буквално ги вдишува своите фекалии и веројатно е гладен и жеден. Не е можно да се влезе во неговиот стан заради одвратната миризба“, пишува Славковски на Фејсбук.

Тој вели дека се известени сите надлежни институции, кои дошле на лице место, ама без никаков ефект.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.