По катастрофата која се случи завчера кај Ласкарци во која трагично го загубија животот дури 14 лица, а триесетина се повредени, на социјалните мрежи беа објавувани повеќе статуси.
Во еден од нив, се повикува да не се оди на Евровизија, туку со тие пари да се купат нови возила за „Брзата помош“, со оглед на тоа дека возилата мораа по два пати да одат и да се враќааат по повредените поради недостаток на амбулантни возила.
„Да не одиме на Евровизија да купиме со парите возила за итна помош кој е ЗА?“ стои на твитот.
Годинава, за настап на ,,Евровизија 2019” во Тел Авив, Израел, ќе биле потрошени најмалку 150.000 евра. МРТ предвидел буџет од 7 милиони денари, трошоци за патување, транспорт, хотелско сместување, дневници за евровизиската делегација и тимот кој ќе ја придружува Тамара Тодевска, која е наш претставник годинава. На оваа сума се додавале и трошоците за предевровизиски гостувања за промовирање на песната, рекламни материјали, ,,Македонска вечер” и друго. Надомест од 2,5 милиони денари националниот сервис ќе морал да уплати за „Програмски права“ од кои скоро 36.000 евра се за учество на „Евросонг“, а 5.000 евра е котизацијата за „Детска Евровизија“.
Да не одиме на Евровизија да купиме со парите возила за итна помош кој е ЗА?
— Кум Рузвелт (@Vlatko973) February 13, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.