Најстудено утрово е во Берово, -8 степени, а максимални два степена се измерени во Дојран.
Според УХМР, -7 е во Крива Паланка, -4 во Тетово и Маврови Анови, -3 во Прилеп и Претор, -2 во Скопје- Зајчев Рид, Лазарополе, Битола, Штип, Дебар и Куманово, -1 во Скопје–Петровец и Охрид и нула степени во Демир Капија, Гевгелија и Струмица.
Висината на снежната покривка е 13 сантиметри во Маврови Анови, девет во Крушево, седум на Попова Шапка, три во Пожаране и два во Ѓуриште.
УХМР информира и дека времето во текот на денот ќе биде сончево мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Претпладне на повеќе места ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Максималната температура ќе биде од 3 до 13 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде магливо, а попладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне шест степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.