Доаѓањето на Папата кое е историски настан на 7-ми мај всушност ќе значи и неработен ден македонските граѓани.
Владата следната недела на владина седница се очекува вторник – 7ми мај да го прогласи за неработен ден за сите граѓани.
На 7 мај во 08 часот и 30 минути од Софија на скопскиот аеродром ќе пристигне Папата. Големиот гостин ќе биде пречекан од Премиерот и Претседателот на земјава.
Папата Франциск откако ќе биде примен во Претседателската палата, ќе оддржи литургија на скопскиот плоштад, каде се очекува да присуствуваат десетици илјади граѓани од целата земја.
Поради присуството на Папата нивото на безбедност во главниот град ќе биде на највисоко ниво, а автобусите на ЈСП со цел да ги пренесат сите заинтересирани граѓани на големиот настан ќе возат бесплатно.
Пред доаѓањето на папата Франциско во Скопје властите почнаа да ги заваруваат шахтите на скопскиот плоштад, како дел од безбедносните мерки.
Папата Франциско ќе дојде на 7 мај, а едно од местата на кое ќе престојува ќе биде централниот плоштад во Скопје.
Папата ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, а ќе има и обраќање во Мозаик салата на претседателската палата.
Се внимава на секоја ситница, на секој детаљ од десетчасовниот престој, од пречекот на аеродром, преку приемот во претседателската палата на Водно и сите аудиенции со државниот врв, претставници на граѓанското општество, дипломатскиот кор и свештениците, а потоа и за посетата на спомен-куќата на Мајка Тереза, која има посебно место на агендата, бидејќи тој лично, на 4 септември 2016 година, ја прогласи за светица. Најмногу луѓе, се вклучени во обезбедувањето на плоштадот „Македонија”, каде што ќе се одржи централниот настан, свечената миса на која се очекува да присуствуваат голем број верници од Македонија и од регионов. Истите извори велат дека поради фактот што папата честопати знае да изненади со отстапување од предвидената агенда, практикуваат секогаш да имаат и план Б. Сепак, детали околу подготовките кои почнаа уште пред триесетина дена не се откриваат.
Енигма е и каде ќе се одржи свечениот ручек за папата Франциск. Според неофицијални информации, светиот отец ќе биде организиран во бискупската резиденција на Водно, каде што домаќин ќе му биде бискупот Киро Стојанов. Што ќе биде на менито и кој ќе му готви на папата е строго чувана тајна. Но, ако се смета на македонското гостопримство на трпезата ќе има неколку традиционални македонски јадења, вклучително ајвар, тавче гравче, но и месени пити и полнето тесто кои се најдраги јадења на поглаварот.
Домаќините ќе ја почитуваат препораката на докторите на папата најмногу да консумира риба, па така, на менито ќе има и охридска пастрмка и белвица. Сите јадења ќе мора да бидат готвени според високи стандарди, а прво ќе ги проба неговиот гастроном, па дури потоа ќе може бидат послужени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.