Речиси секоја жена сонува за совршен брак и семејство. За да се постигне тоа, потребно е правилно да се постават приоритетите, односно да се заборави на некои од работите што сте ги правеле пред бракот. Истото важи и за мажите!

1. Себичност
Ако сте биле единствено дете во семејството, најверојатно сте навикнале сè да биде по ваше. Но кога ќе стапите во брак, не смее повеќе да постои само „јас“, туку „ние“. Би требало да заборавите и на навиката секогаш да сте во право, во спротивно раскинувањето ќе биде неизбежно. За добар брак важно е и двајцата да бидете подготвени на компромис.

2. Најлошото женско однесување
Сите имаме свои моменти на гнев и нервоза, но никој не може секојдневно да поднесува хистерија поради секоја ситница. Исто така, уцените, изливите на бес и фрлањето предмети по партнерот никако не се основа за добар брак.

3. Нерешени конфликти
Проблемите што се одложуваат, емоционалната воздржаност и ниското ниво на самоконтрола се фактори што можат да ги убијат и најдлабоките чувства.

4. Озборување на мажот со други луѓе
Нема никаква причина вашите тајни и пикантерии да им ги откривате на непознати луѓе. За тоа постојат две главни причини: прво, сопругот најверојатно ќе ви се налути ако дознае, а второ, вашето друштво ќе го смени мислењето за него, но и за вас.

5. Двоење
Денес многу жени заработуваат еднакво, ако не и повеќе од мажите. Верувањето дека мажот е задолжен за издржување на семејството одамна падна во заборав, па не заборавајте дека вашата плата повеќе не е ваш личен, туку семеен приход и дека треба сè да делите со вашиот сопруг, како и тој со вас.

6. Ограничена интимност
Исфрлањето на сопругот од кревет кога нешто не ви одговара, не е добра опција. Таквата манипулација брзо ќе му досади на секој маж и нема долго да чека за да ве остави или да побара нежност на друго место

7. Опсесија
Грижата за личноста што ја сакате е сосема нормална, но ако премине во опсесија, станува неподнослива. Дајте му на сопругот време и простор за неговото хоби, за дружење со пријателите, читање… Не мора да бидете со него 24 часа дневно, така само го гушите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.