Алуминиумската фолија најчесто ја користиме во кујната и тоа за време на печењето на некоја храна во рерната затоа што не може да загори, а месото готвено под неа останува меко и сочно. Исто така ја користиме и за да покриеме некоја храна пред да ја ставиме во фрижидерот со цел истата да не се исуши, доколку немаме соодветен поклопец.
Исто така, доколку некогаш сте ја шатирале косата во фризерски салон, веројатно сте приметиле дека и таму многу често се користи, со цел да се добие посакуваната нијанса на боја.
Сепак ова не се нејзините единствени примени. Во ова видео ќе можете да погледнете неколку трикови со алуминиумска фолија кои можете да ги искористите за секојдневните проблеми.
Верувајте, дел од нив никогаш не би ви паднале на памет. Погледнете ги сите трикови од видеото во продолжение:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.