Без разлика дали вашите најмили се родиле во пролетните месеци или затоа што тоа е вашата омилена сезона, ова неколку имиња кои значат пролет или, пак, означуваат нешто ново, ведро, убаво, пролетно…
За најубавите почетоци, изберете од овие имиња:
Женски имиња:
Анастасија – доаѓа од грчкиот збор „анастасис“ што во буквален превод значи воскресение, а самото име има значење родена на Велигден
Аја – иако според турското потекло значењето на името е Света, зборот потекнува од Јапонија и значи шарена или птица
Весна – старословенската божица на пролетта. На руски, весна значи пролет или младост
Виолета и Лилјана – цветни имиња. Виолета значи и виолетово цвеќе, љубичица, додека Лилјана е од латинско потекло и значи крин
Лара – кратенка од грчкото Лариса, што значи радосна и ведра
Талија – од еврејско потекло, значи небеска роса и јагне. На латински значи цветање, додека во грчката митологија таа била муза на комедијата.
Машки имиња:
Вито – oд латинскиот збор за живот, Вито означува некој полн со живот и радост
Ведран – со хрватско потекло, ведар човек, кој никого не остава рамнодушен
Jaрек – популарно полско име што буквано значи пролетен
Ксавиер или Хавиер – со шпанско потекло, означува нов дом
Новица – буквално значи нов, но преносното значење му е „да ни тргне се на ново (на добро)“
Зоран – со словенско потекло, значи зора или изгрејсонце
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.