Девојка од Русија ја убила помалата сестра, и го отсекла увото и ѝ ги извадила очите, па осудена е на 13 годни затвор. Јелисавета Дубровина (18) ја избола сестра си Сефанија (17) и тоа најмалку 189 пати, ѝ го отсекла десното уво и ги повредила виталните органи и ѝ ги извадила очите, воведено е во полицискиот извештај. Таа е прогласена за виновна за убиство.
Жртвата починала на самото место по многубројните повреди, а ѝубомирната сестра добила 13 годни затвор.
Убиството било извршено пред 3 години, а Јелисавета потоа е одведена на психијатриско лекување. Стефанија е убиена во куќата на 44- годишниот фотограф Алексеј, кој ѝ бил и љубовник на Стефанија, додека тој бил во продавница по алкохол.
Несреќникот сведочел дека го нашол голото тело на Стефанија кога се вратил од продавница. Како што рекол, ја задржал и Јелисавета да не побегне додека не пристигне полицијата.
Стефанија била модел и ѝ била моден пример на сестра си Јелисавета, која ја копирала во се. Во масакарот сестрата е избодена најмалку 189 пати- во врат, глава, стомак, раце и нозе.Јелисавета ја копирала својата сестра, па имала иста боја на коса иносела иста боја на кармин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.