Принцезата Беатрис (31) се венча на приватна церемонија вчера, во присуство на нејзината баба, кралицата Елизабета Втора, соопшти Бакингамската палата.
Беатрис се омажи за италијанскиот финансиер Едоардо Мапели Моци (37) во Кралската капела во Виндзор.
Се почитуваа мерките за заштита од Ковид-19, се вели во соопштението од палатата.
Беатрис, ќерката на принцот Ендру и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон, првично планираше да се омажи на 29 мај но церемонијата беше одложена поради пандемијата.
Потоа го смени датумот на свадбата поради поврзаноста на нејзиниот татко со скандалот на милијардерот Џеф Епстајн кој подоцна се самоуби во затворот.
Фотографиите од церемонијата се уште не се објавени.
Семејствата на младенците се познаваат многу години. За двојката се вели дека започнале врска откако повторно се сретнале на свадбата на сестрата на Беатрис, принцезата Јуџин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.