Еден од нашите најдобри пливачи, Александар Маленко по се изгледа ќе го прогласиме и за човек со најмногу бракови зад  себе.

Неговата избраничка е исто така поранешна пливачка, а нејзиното име е Метка Спаравец од Словенија.

Веста дека запловиле во брачните води ја објавија двајцата на социјалните мрежи. Од тоа што може да се види на социјалните мрежи кај Метка, таа има четири деца, додека пак Маленко вкупно има пет деца.

Инаку ова е петти брак на Александар Маленко. Последно беше женет за охриѓанката Фанка, со која беше во брак од 2012 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.