Холивудската актерка Мила Јовович го роди своето трето дете. Третата ќеркичка синоќа пристигна на свет. Мила е во брак со режисерот Пол В.С. Андерсон (54), а веќе имаат две девојчиња.
Ѕвездата од филмовите „The Fifth Element“ и „Resident Evil“ открила дека пред две години имала спонтан абортус.
Она што го доживеав, на никого не би му го посакала. Не ми дадоа никаква анестезија, морав да бидам будна во текот на целата постапка. Тоа беше едно од најстрашните искуствa кое некогаш сум го доживеала, се присети тогаш Мила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.