Откако Доналд Трамп ја напушти канцеларијата на претседателот на САД, медиумите беа најмногу заинтересирани за Меланија Трамп. Поранешната прва дама за време на мандатот на нејзиниот сопруг отворено покажа дека не е најсреќна што е во брак со еден од најбогатите луѓе на светот.

Еден месец по напуштањето на Белата куќа, ударна приказна на порталите е дека Меланија Трамп е решена да се разведе и не сака да го гледа сопругот во слободното време.

Сомнежи дека поранешната манекенка и модна икона полека, но сигурно подготвува терен за напуштање на Трамп, е и прославата на роденденот на Доналд на 14. јуни, на кој таа не се појавила. Според британските медиуми „Дејли Стар“ и „Мирор“, никој не ја видел Меланија на забавата.

Поранешниот претседател организирал роденденска забава во голф-клуб во Њу Џерси со неговиот син Доналд јуниор. На роденденското видео може да се видат бројни гости, но Меланија не е меѓу нив.
Луѓе блиски до Мелнија им откриле на медиумите дека нејзината дневна рутина не се сменила многу откако Трамп го напуштил претседателското место. Таа не сака да дава изјави или интервјуа за новата прва дама и каков бил нејзиниот живот за време на нејзиниот престој во Белата куќа. Поголемиот дел од времето го поминува со својот син Барон и повремено го гледа Трамп на ручек, но надвор од тоа не е во контакт со сопругот, па се сомнева дека Меланија се подготвува за развод.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.