Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека не ѝ купил подарот за Божик на својата сопруга Меланија.

Тој го изјавил ова за време на видео конференција на Бадниковата вечер со американските војници кои работат надвор од државата, одговарајќи на прашањето што ѝ купил на Првата дама, пренесува „Би-би-си“.

Се сакаме и имаме прекрасен однос каков се надевам дека и вие имате со вашите сопруги. Сè уште работам на божиќниот поклон. Остана уште малку време“, рекол Трамп.

Трамп и Меланија за Бадниковата вечер присуствувале на миса во баптистичката црква, а потоа празникот го прославиле со вечера во дворот од неговиот приватен клуб на Флорида.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.