Хрватскиот град Книн е во голема тага и болка. Денес е погребот на петгодишното момче, кое трагично го загуби животот откако татко му го заборави во автомобил. Детето почина поради дехидрираност. 34-годишниот татко е осомничен дека предизвикал смрт на сопственото дете, поради топлината.

Погребот на малото момче од Книн е закажан за денес на Градските гробишта во Книн, каде е прогласен Ден на жалост поради невидената трагедија. Знамињата беа спуштени на половина копје, сите најавени настани беа откажани.

По сослушувањето на 34-годишниот осомничен, Државното обранителство не предложи притвор за него, проценувајќи дека нема законски услови за тоа. За понатамошните активности на Државното обранителство ќе се одлучи дури откако ќе бидат готови резултатите од испитувањето и обдукцијата на детето.

Жителите на Книн велат дека е точна информацијата, објавена од ХТВ, а пренесена од некои медиуми, дека таткото на несреќното момче се пожалил на несоница, губење на концентрацијата и меморијата, откако страдал од ковид-19. Полицијата и судот ќе треба ги утврдат сите факти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.