Македонската пејачка Тамара Тодевска пред пет дена се породи по вторпат, кога на свет го донесе синот Дарен, а веќе размислува за трето дете.
За официалната веб страници на болницата во која се породи, Тамара изјави дека е многу задоволна и има огромна доверба во докторката Гордана Петровска која двапати ја породила.
Здравје и за третото дете ќе ја бараме истата докторка. Ѝ благодарам за целата посветеност и грижа. Многу сум задоволна и од целиот персонал во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’, овде се чувствував како кралица и едвај чекам пак да дојдам – изјави Тамара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.