Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, го ожени својот син, Луиџи, пренесуваат светските медиуми. Во јавноста сега излегоа и фотографии од свадбата на Луиџи со неговата долгогодишна девојка Федерика Фумагали.

Венчавката се одржала во Милано и биле испочитувани сите мерки за заштита од коронавирусот, пренесуваат тамошните медиуми. Свеченоста се случила на почетокот на овој месец, а дури сега во јавноста се појавија фотографии од свадбената церемонија.

На фотографиите пред црквата во Милано, не можеше да се забележи Силвио, кој во септември соопшти дека е позитивен на коронавирус. Пред свадбата тој ги чекал резултатите од вториот тест, па затоа ја пропуштил венчавката, откриваат извори блиски до семејството на Берлускони.

World Today news пренесува дека опцијата Берлускони да се појави на свечената вечера во градот Макерио, била отворена се до денот на венчавката.

Силвио Берлускони го доби синот Луиџи со неговата поранешна сопруга Вроника Ларио (64) со која ги има и ќерките Барбара и Елеонора. Од бракот со Карла Елвира Лусија Дал Ољо (80), тој ги има ќерката Марина и синот Пјер. Сега е оженет со Марта Фастин (30).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.