Неименуван татко од Русија останал во шок, откако во барабанот од машината за перење алишта го видел ликот на своето дете. Но, тоа била само маица со ликот на неговата ќерка.
Таткото ја споделил фотографијата на социјалните мрежи и предизвикал бурни реакции.
Една група била сигурна дека детето е во машината за перење алишта, а други му советувале како да ја пере маицата во иднина. Најдобриот совет го добил од една мајка, која му порачала да ја преврти маицата пред да ја пере.
Сликата ќе остане во подобра состојба и веќе нема да ви се случуваат вакви непријатност, заклучила таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.