Истражувањата покажуваат дека повеќе од половина од мажите кои извршиле прељуба, избрале за своја љубовница колешка од работа.

Појавувајте се со него. Не избегнувајте да одите со него на забавите на фирмата или на родендените кај колегите (се разбира ако сте поканети, без да се наметнувате).

Разберете која е вашата закана. Иако повеќето жени веруваат дека нивните мажи изневеруваат со поубава жена, тоа најчесто не е така. Најчесто тоа е колешка со која вашиот сопруг работи на ист проект или која може да му ѕвони на мобилен по завршувањето на работното време. Сепак, не треба да бидете параноични и да гледате на секоја жена како на закана. Потребно е само да ги држите очите отворени.

Направете да мисли постојано на вас. Ако патува често, последната ваша ноќ пред да замине приредете му незаборавна вечер, која ќе остане во неговите мисли додека да се врати. Доколку се разделите со кавга, тој ќе биде посклон кон афера. Не го испраќајте на работа со намуртено лице и без бакнеж. Во неговите мисли, последната слика од вас, треба да му буди потреба побрзо да се врати дома.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.