Американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден и неговата сопруга добија син, а веста ја споделија на социјалните мрежи.

– Среќни празници од нашето новопроширено семејство, напиша сопругата на Сноуден, Линдзи Милс, на Инстаграм.

Сноуден минатиот месец објави дека тој и сопругата ќе побараат руско државјанство. Тој има дозвола за постојан престој во Русија.

Сноуден (37) побегна од САД бидејќи како вработен во американската Национална безбедносна агенција (НСА) во 2013 година објави стого доверливи податоци за методите што ги применува американката разузнавачка служба, вклучително и незаконско прислушување на странски лидери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.