Една 40-годишна мајка од Трстеник, Србија штотуку роденото бебе го оставила во корпа во такси возилото со кое патувала до Врњачка Бања, а на возачот му оставила пари за млеко.

Таксистот Милош Митровиќ за српските медиуми ја раскажа оваа неверојатна приказна која се најде на сите насловни страници на порталите и другите медиуми во Србија.

Мајката влегла во такси возилото со корпа во рацете и уште со две деца близначиња.

Кога стигнале во Врњачка Бања, мајката ги изнела децата од такси возилото, а на таксистот му оставила 40 франци за пелени и млеко за бебето и го замолила малку да ја причува, а таа рекла дека ќе се врати за половина час. Збунетиот таксист прифатил, но откако мајката не се вратила ниту за два часа, тој повикал полиција.

Новороденчето сега е згрижено во болницата во Краљево има 2 килограми и 800 грама и добро се чувствува.

Мајката е лоцирана со помош на безбедносни камери и се трага по неа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.