По објавената вест во медиумите за собирање на донации за возачот на автобусот кој почина ненадејно на Стража, додека правел пауза, до медиумите се обратил член од потесното семејство на трагично починатиот возач. Станува збор за Часлав Величковиќ кој можат да го контактираат сите заинтересирани и доколку се во можност да му помогнат на семејството на возачот.

На семејството од Ѓорче Петров најмногу му се потребни финансиски средства, но и играчки и облека за три годишниот Димитри,ј кој остана без својот татко како и останати донации се добредојдени.

 

Горан Донев кој вчера почина на Стража зад себе остави сопруга и три годишен син.

Телефон за контакт Часлав Величковиќ

070233473

Инаку и во Фејсбук групата „Православни вести и патувања“ беше објавено дека деновиве ќе се организираат самоиницијативно и ќе донираат за семејството.

Деталите за донацијата пред Соборната Црква како и денот дополнително ќе ги објават.

НАПОМЕНА: Групата „Православни вести и патувања“ има направено грешка, возачот има син, во продолжение еве го нивниот пост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.