На Божик во семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, има двојно славење. Со сите православни обичаи се слави Христовото раѓање, но и именденот на домаќинот.

За подготовките за Бадник, Божик, именденот, но и за други прослави кои ги слави семејство, а кои се во јануари, задолжена е токму таа Рози.

За Бадник правиме домашно лепче со паричка, а за децата е многу возбудлив моментот кога го кршиме. Пет години наназад паричката се паѓа кај Христијан. За Божик, кога е и неговиот именден, традиционално, со дома месена погача одиме во Соборниот храм, кршиме лепче и палиме свеќи за здравје. Потоа, во домашен амбиент ручаме само со најблиските, во пријатна атмосфера. Инаку, можам да кажам дека јануари е месецот на нашето семејство. На 20 јануари го славиме Свети Јован, именденот на постариот син, а на 30 јануари го славиме Свети Антониј, роденден и именден на помалиот син, а, вели таа и додава, дека уште откога се венчале со Христијан, сами со семејството, или со најблиските пријатели, во домашен амбиент, ја слават и Нова година.

Рози е и мајка на 12-годишниот Јован и на тригодишниот Антони, кои како што вели, ги растат заедно со сопругот, но сега, кога тој се занимава со политика, таа презема поголем дел од задачата за нивно виспитување.

Таа е родена струмичанка, а во Скопје е од 1996 година, кога дошла да студира, па го засакала градот и сега во него се чувствува убаво. Со Христијан се заедно уште од студентските денови, а врската ја крунисале со брак во 2005 година.

Целото интервју на vecer.press.mk

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.