Родителите со кои децата не живеат по развод или разделба (и мајки и татковци), бараат од Владата во најкус можен рок да им дозволи да можат да се движат за време на полициски час, за да можат да си ги гледаат децата, пишува „Нова Македонија“.

Видувањата на децата се и без вонреднава состојба ограничени на само неколку дена месечно и се одвиваат претежно за викенд (а сега во викендите има целосна забрана за движење). Дописот е испратен до Влада, а е потпишан од претставници на граѓанската иницијатива за заедничко родителство по развод, како и од првата детска амбасада во светот, „Меѓаши“.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.