Британската принцеза Беатрис во тајност се венча со италијанскиот бизнисмен Едуардо Мапели Моци. Наместо раскошна кралска свадба со многу еминентни гости и бројна публика, внуката на британската кралица Елизабета II, се венча на интимна церемонија во црква во дворецот Виндзор.

Наместо скапа венчаница направена по мерка, Беатрис позајми фустан од нејзината баба, односно креација што Елизабета ја носела на премирата на филмот „Лоренс од Арабија“ пред 59 години. Винтиџ моделот од гардероберот на кралицата е малку видоизменет со додавањње на транспарентни ракави. Беатрис од кралицата ја позајми и дијаманстаката тијара која што и самата ја носела на нејзината венчавка во 1947 година. Вообичаено е на кралските свадби, тијара да се позајми од колекцијата на кралицата и од кралскиот трезор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.