Од понеделник до петок е задолжен за законите, за викенд за бебешката храна. Пратеникот Антонијо Милошоски се пофали дека е задолжен за оброкот на неговото најмало дете, Филип кој има 8 месеци.

Денес јас сум задолжен за оброкот за најмалиот Филип (8 месеци).
Овошна каша со:
банана, јаболко, круша и амарант.
Јаболкото и крушата се готват на пареа околу 10 минути. Амарантот, две лажици, се вари во вода околу 30 мин., сооднос 1:3.
Откако ќе се свари амарантот се блендира заедно со јаболкото, крушата и бананата.
Блендираме затоа што уште немаме запчиња – напиша Милошоски во групата Здрава храна, здрави деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.