Ведрана Рудан, познатата хрватска писателка ѝ пиша отворено писмо на Северина, откако судот реши да ѝ го одземе детето и да му го додели на таткото.
Отворено писмо до Северина
Госпоѓо Којиќ,
Гледам плачете, гледам, се чудите затоа што ви го одземаа детето. Јас, помалку славна, поминав сличен пат.
Дамнешната 1988 година одлучив да го напуштам сопругот. Живееве во заедничка куќа. Уште на почетокот тој ми даде до знаење дека за куќата ќе се бори до крај. Тогаш не знаев што е тоа „крај“. Дознав во 2017 година. Дваесет и девет години се борев за да дојдам до делот од заеднчката куќа која беше регистрирана на моето име. За среќа, адвокатот сите тие години ме застапуваше бесплатно. Ако морав да ги платам трошоците, никогаш немаше да дојдам до својот дел. Благодарам, Синиша.
Куќата ја напуштив со торбичка во раката. Децата останаа со него, бидејќи немавме каде да одиме. Сите соседи, непознати и поранешни пријатели ме прогласија за „курва“.Се осмелив да си го земам животот во свои раце, да продолжам понатаму без него, да го одберам самата својот пат.
Изнајмив станче во поткровје. Преку врски. Никој не сакаше да ми изнајми стан кога слушна дека имам две деца. Познати, непознати, поранешни пријатели, без згрозени зошто сум заминала со љубовникот и сум ги „оставила“ децата. Наместо да останам со насилникот и да чекам да ми се искрши главата.
Со Центарот за социјална работа во Ријека имав супер среќа, бидејќи мојот „случај“ го доби маж. Никогаш нема да го заборавам. Тогаш научив, слушајќи ги приказните на своите „колешки“, кои имаа помалку среќа, дека жената е жена на жена.
Човекот ми го спаси животот. Тој ми рече, тоа првпат во животот го слушнав, дека имам право на избор, дека сум добра мајка, дека децата еднаш ќе сфатат и дека нема потреба толку страшно да се чувствувам виновна.
Се чувствував виновна што им го „уништив животот“ на децата, дека им го одземав нивниот „татко“. Сега веќе тие со години живеат опуштено без него, веќе со години, ниту го слушнат, ниту гледаат, што го направив тоа што мажените, „пристојните“ жени и мајки не го прават: помеѓу новиот живот и пеколот, јас избрав, не нов живот, туку живот.
Во тоа време, ќе повторам, беше 1988 година, мажот што го напуштате можеше да одбие развод. Мојот го направи тоа. Се бореше против разводот затоа што ме „сакаше“. На суд, тој побара да се врата „дома“, кај него и на моите деца, иако друга жена веќе живееше со него во нашиот „дом“. Судијката, сепак, нѐ разведе.
Од моите лични работи, ја зедов облеката, перница и покривач, и заминав едно утро кога воздухот беше „чист“. Неколку дена подоцна, се осмелив да одам по метар дрво. „Украдов“ дрва од сопствениот двор што го купив со сопствени пари, син ми држеше стража. Пеев во малиот камион додека пријателот и јас го возевме „украденото“ кон мојот потстанарски стан, среќна што не ме фати „на дело“ и не ми ја искрши главата.
Дури и денес, некои ме нарекуваат „курва“ поради бегањето од дома и „напуштањето“ на децата кои со години не го виделе „таткото“. Не ме погодува тоа. Знам каде живеам, знам дека сум добра мајка, знам дека имам прекрасни деца и прекрасно внуче и добар сопруг, знам дека сум среќна. Среќна сум затоа што имав храброст да се борам и против „соседите“ и против „пријателите“ и против „системот“.
Никој во оваа земја не е на страната на жената. Како што беше пред четириесет години, така и остана. Денес е уште полошо затоа што и Црквата е вклучена и во ловот на „курвите“.
Г-ѓo Којиќ! Зошто солзи? Токму тоа е што него го „пали“. Зошто се чудитен на пресудата? Живееме во Хрватска. Не ја знаете моќта на парите? Вие не знаете колку женската омраза може да биде огромна кога жената ќе почувствува дека некоја друга жена би можела да ги фрли оковите во кои таа самата се мачи?
Госпоѓо Којиќ, како не разбирате? Сите се против вас. Порталите, соседите, таблоидите, судовите, системот, жените, жените, жените. На страната на вашите противници се и огромните пари вложени во вашиот прогон.
Г-ѓo Којиќ, вие сте вештерка која треба да се згази, да ја претворат во бара со солзи. Треба да бидете уништени и засекогаш лишени од вашето право да го видите вашиот син затоа што сте „луди“. Ако бевте „нормални“ во некој камен замок ќе гледавте „Задруга“, ќе лакиравте нокти и ќе си пеевте под брадата.
Г-ѓo Којиќ, кога ве гледам како плачете се прашувам, каде е Северина? Северина која лета во воздухот, Северина која пее пред илјадници луѓе, Северина која не плаче дури и кога целата женомрзачка Хрватска се крева на нозе против неа.
Северина! Испратете ги по ѓаволите сите оние одвратни женки кои ржат на вас. Нека одат по ѓаволите и сите напалени мажјаци кои ве мразат затоа што не можат да ве зграпчат. По ѓаволите и тој, кој овие денови свршува затоа што „победил“. Не, не ги бришете солзите и развлечете ја устата во насмевка поради мене. Јас сум спасена. Направете го тоа заради неколку десетици илјади Хрватки кои не се Северина, а кои минуваат низ истата работа.
Одржете го концертот во Загреб! Блексајте и во Љубљана! Бидете Северина, биете голема мајка на малиот Александар кој еден ден на вас ќе биде горд, ако ја добиете оваа битка. А, ќе ја добиете.
Ете, сестро, никогаш не сум ве видела, не ги слушам вашите песни, не одам на вашите концерти, но сум на вашата страна. Вие сте една од нас. Стиснете ги убавите заби, тргнете ги солзите и тргнете во борба против змиите кои се подале за грст долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.