Првиот танц е посебен момент на секоај свадба, симбол на новиот почеток, па затоа младенците внимателно ја избираат песната на која ќе го одиграат првиот танц како сопружници.

Младенците главно избираат песни кои имаат посебно интимно значење за нив, но таа песна има многу поголемо значење одошто се мисли, покажува анкетата на порталот OnBuy.

Резултатите покажуваат дека младенците кои за првиот танц избрале одредени песни имаат среќни бракови, додека некои песни изгледа не донесуваат среќа во бракот и тие бракови завршувале со развод.

Во анкетата учествувале 5544 лица од целиот свет. Одговарале која песна ја избрале за првиот танц и кој им е моменталниот брачен статус. Од анектата OnBuy направиле листа од 25-те најчесто бирани песни и соодветна пресметка на брачната состојба.

Најпопуларна песна за првиот танц е Can’t Help Falling In Love од Елвис Присли, со 10,48% од гласовите. Најмногу среќа во бракот, пак, носи песната Can You Feel The Love Tonight од Елтон Џон, 77% од оние кои ја избрале се уште се во брак.

Општо, поглеми се шансите бракот да не пропадне ако за првиот танц изберете Дизниева песна. 70% од двојкте кои танцувале на некоја од романтичните песни од Дизниевите цртани филмови, се уште се заедно. Брачна среќа носат и песните Isn’t She Lovely од Стиви Вондер и The Way You Look Tonight од Френк Синатра.

Од друа страна, пак, со најмногу разводи завршила песната Little Things од Уан дајрекшн – 75% од двојките што ја избрале, се развеле. На непопуларната листа е и I’m Yours од Џејсон Мраз и Chasing Cars од Сноу патрол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.