Шестмесечниот Александар е едно од трите бебиња на светот родени без очни јаболчници. Се верува дека момчето пати од екстремен облик на редок вид на анофталмија, кој се јавува еднаш на 250 илјади случаи.
Роден во сисбирскиот град Томск, малиот Александар неодамна е пренесен во 2.500 километри оддалечениот Санкт Петербург, каде хирурзите му вградија мали вештачки очни топки, со кои ќе се избегне деформација на лицето. Како што тој ќе расте, тие на секои шест месеци со нова операција ќе бидат заменувани со поголеми, пренесуваат руските медиуми.
Александар никогаш нема да може да гледа.
Неговата мајка била израсната во Дом, па уште пред да се роди, се одрекла од него, зошто сметала дека не може да му пружи сè што него ќе му биде потребно. Александар е ставен на листата за посвојување, а медицинските сестри кои се грижат за него велат дека не се сомневаат дали некој ќе го земе, затоа што тој е многу весело бебе и дека освен оваа аномалија, тој е сосема нормално бебе.
Постојат само уште два познати случаи на бебиња родени без очи, од кои најпознат е случајот на сега веќе двегодишниот Арчи Инес од Ирска, кој со родителите живее во Сиднеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.