Близначиња на возраст од една година починаа во прегреан автомобил во Њујорк, откако таткото ги заборавил внатре и отишол на работа во блиската болница.

Њујоршката полиција потврди дека во автомобил „Хонда“, паркиран во Бронкс биле најдени две бебиња, машко и женско, без свест . Подоцна било констатирано дека се починати Мариза и Феникс Родригез. Нивниот 39- годишен татко Хуан Родригез, кој работел во болница како социјален работник е обвинет за убиство.

Не знаев дека биле таму, изјави Хуан Родригез (39) за полицијата, откако ги остави двете деца во врел автомобил осум часа.

Автомобилот го оставил во 8, а се вратил во 16 часот.

Кога тргнал, сфатил дека близнаците биле во автомобилот. Излегол и почнал да вреска. За жал, лекарите не можеле ништо да сторат.

Полицијата го уапси таткото и го обвинува за смртта на двете деца кои неодамна го прославија својот прв роденден.

Во САД просечно 38 деца умираат секоја година кои остануваат заборавени во автомобилот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.