Легендарниот НБА центар Денис Родман важи за еден од најконтраверзните спортисти на сите времиња, а малку е познато дека и неговиот татко е живописна личност.

 За жал, Филандер Родман почина во четвртокот во Ангелес, град на Филипините, јавуваат американските медиуми и пренесуваат дека погребот ќе се одржи утре. Неофицијално, една од неговите внуки му се јавила на Родман и го замолила да го плати погребот.

Отворен е и твитер профил на кој може да се уплати и донација за помош на семејството.

Филандер Родман почина во 79 година од животот, а зад себе остави „најмлаку 29 деца“ (за неколку не е докажано дека се негови, наводно ги има дури 47). Интересно, дури од 16 различни жени, а една од нив е и мајката на Денис Родман, Ширли Родман.

Нејзиниот син секојпат истакнуваше дека таа е најважната личност во неговиот живот, иако го исфрлила на улица, но тоа го натерало да се посвети на кошарката и да стане освојувач на пет шампионски прстени.

Филандер Родман бил воено лице, војувал во Виетнам, но потоа отпатувал на Филипини каде формирал ново семејство. Денис го немал видено дури 42 години, но потоа се сретнале во 2012 година кога кошаркарот ја посети Азија во склоп на НБА турнеја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.