Вјачеслав М.(34) пиел во бар со својот пријател Олег Свиридов (32) кога, наводно, на мобилниот телефон видел видео во кое тој ја силувал неговата 9-годишна ќерка. Полицијата во телефонот нашла уште видеа од злоставувања.
Телото на Олег било најдено во шум аво близина на селото Винтаи во Русија. Откако го прегледале неговиот телефон, полицијата објавила дека снимил и други злоставувања на деца.
Вјачеслав откако го видел видеото бил бесе, а Свиридов некако успеал да побегне. Педофилот бил близок пријател на семејството на Вјачеслав и често се грижел за неговата ќерка, која во повеќе наврати и ја злоставувал. Вјачеслав силувачот веднаш го пријавил во полиција, која тргнала во потрага. Но таткото го нашол пред полицијата и го убил.
Подоцна раскажл дека додека се бореле во шумата Вјачеслав паднал врз нож и дека не го убил намерно. Телото, инаку, било најдено една недела по откривањето на грозоморната тајна.
Случајот е под истрага, а Вјачеслав е во притвор. Истрага има за уште три други случаи врз основа на снимките најдени во телефонот на жртвата. Наводно тој злоставувал деца во последните пет години. Жителите на селото Винтаи и други Руси го изразиле својот став дека на Вјачеслав не треба да му се суди за убиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.