За да ја привлечете позитивната енергија и среќата во вашиот дом, фенг шуи експертите препорачуваат овие 4 работи уште денес да ги додадете и внесете во вашиот дом.

Свежи цвеќиња

Доколку поставите свежи цвеќиња на видно место во вашиот дом, среќата веднаш ќе ви тропне на врата.

Потковица

Многу култури веруваат дека, потковицата поставена над вратата носи голема среќа, односно истата не само што гарантира дека лошата енергија ќе исчезне, туку и на секој што ќе помине низ таа врата, ќе му донесе среќа и успех.

Ловец на соништа

Старата индијанска мрежа, во чија замка наводно паѓаат лошите соништа, исто така е носител на позитивна енергија. Експертите препорачуваат овој уникатен елемент да го поставите во вашата спална соба, кој ќе ве зашити додека спиете.

Врата во боја

Фенг шуи експертите ве поттикнуваат слободно да ја бојадисате вашата врата во портокалова или црвена нијанса, или пак може и сина. Боите како бело, кафеаво и зелено исто така ќе ви донесат огромна среќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.