Ќерката на принцот Хари и на Меган Меркл, Лилибет Дијана сигурно нема да биде крстена во дворецот Виндзор. За тоа е виновен принцот Хари и неговата книга која многумина ја нарекуваат „бомба“ бидејќи војводата од Сасекс во неа напиша се што мисли за кралското семејство.

„Принцот Хари напиша мемоари. Ќе бидат објавени во октомври. Би рекол дека крштевката на малата Лилибет во Виндзор е откажана“, напиша на Твитер кралскиот експерт Роберт Џонсон.

Меган Меркл и принцот Хари за медиумите изјавија дека навистина би сакале да ја крстат својата ќерка во капелата Ст.Џорџ во дворецот Виндзор покрај кралицата Елизабета.

Во Виндзор во јуни 2019 година беше крстен нивниот син Арчи. Тогаш Меган Меркл инистирала крштевката да биде приватна и на неа присуствувале само 22 најблиски гости. Но, сега Меган и Хари очекувале кралска церемонија за малата Лилибет.

Принцот Хари за време на неговата посета на Лондон за откривањето на споменикот на Леди Дијана, на својот брат, принцот Вилијам и на татко му, принцот Чарлс, им рекол дека сакаат да ја крстат Лилибет во Англија.

Доаѓањето на крштевката, доколку таа, сепак, се одржи во Виндзор, ќе биде прво патување на Меган Меркл во Британија по „Мегзитот“. Односите со кралското семејство дополнително се нарушија по интервјуто на Меган Меркл и на принцот Хари кај Опра Винфри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.