Објавата на Фејсбук на поранениот директор на АЕК, Роберт Ордановски, во која тој објави дека се разведува од сопругата Агнеса, предизвика бура реакции во јавноста. Голем број коментари се однесуваат на тоа дека тие двајца имаат две ќерки и јавното „вадење валканици“ не е најдобриот начин да се постапува по 18 години брак со некого.

По бурните реакции во јавноста, во интервју за „ММС“, Ордановски вели дека објавата на Фејсбук ја напишал по роденденот на ќерката, во шок и во момент на очај откако сопругата му сооопштила дека повеќе не може да живее со него, дека се оладила и дека ќе си ги земе децата.

Јас сум толку приврзан со децата и ако ги земе готово е. Завршува се. Немам причина за живот после тоа. Ова го кажувам најискрено, бидејки не сум фолирант. Вистина ако ми ги земе, подобро нека земе пиштол и нека ме отепа – вели Орадновски.

Тој додава дека во тие моменти се обидел да разговара со сопругата, и праќал пораки во обид да најдат решение и начин како да се реши ситуацвијата и да останат заедно.

Ја молев, не ми е срам да го кажам тоа. И пишав: „Те молам најискрено, за доброто на децата преиспитај ја одлуката. Ако сум згрешил ќе се исправам само да најдеме заедничка основа да продолжиме со животов“. Потоа ми напиша: „Не ми пишувај повеќе“ и ме блокира – вели Ордановски.

Коментирајќи ги, како што вели, наглите потези на неговата сопруга, меѓу кои и тоа што на социјалните мрежи си го вратила моминското презиме, Ордановски вели дека нема потреба од такв потези и дека, сепак, треба да седнат на сериозен разговор, да видат што и како.

Не знам, со нејзините последни потези и нејзините одговори на моите молби и со нејзиното враќање на старото презиме не знам дали постои можност да се смириме. Јас ќе клекнам на колена и ќе молам, што друго да направам. Не ми се разведува и не сакам да живеам без децата – вели Ордановски.

Истовремено, тој смета дека јавното расчистување сметки меѓу него и сопругата нема да влијае толку лошо на нвните ќерки, како што тоа би боло при постапката за развод. Ордановски вели дека би се жртвувал за да живее во брак кој можеби не е комплетен, но за да бидат децата заедно со нив. Тој тврди дека во таква ситуација нема да покаже антагонизам, туку ќе биде добар цело време, затоа што децата му се центарот на светот.

Тие допрва ќе доживуваат трауми, кога ќе одиме на суд. Јас нема да се согласам на спогодбен развод, ќе се натегаме. Кај ќе бидат децата? Кај мене ќе бидат, кај неа ќе бидат. Два часа кај мене, па кај неа.. Јас тоа не го сакам. Не можам да се гледам со децата на два часа. Јас сакам да живеам со нив и тие со мене.

Сакам да бидат подготвени на тоа што следува. Како да ги избегнеме траумите не разбирам. Штом дошла ситуацијата до ова, нешто што се градело со години преку ноќ да се сруши, сите ќе имаме последици. Јас ќе ги заштитам на начин што ќе бидам секогаш покрај нив – вели Ордановски..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.