Семејството ќе стори сè за да го заштити!
На социјалните мрежи има многу коментари со омраза за седумгодишното дете.
Малиот принц Џорџ ги освои срцата на Англичаните, но и на цел свет, кога во неделата се појави на последниот натпревар на Европското првенство. Принцот навистина се радуваше на првиот гол, ги прегрна своите родители и скокна, а крајот на играта и поразот на Англија му го скрши срцето.
Иако се здоби со милиони обожаватели поради неговите искрени емоции, момчето во моментов се соочува со жестоки критики на социјалните мрежи и исмејување затоа што на натпреварот бил во костум.
Роберт Џобсон, експерт за кралското семејство, верува дека палатата привремено ќе го отстрани малиот принц од јавноста поради троловите кои го исмеваат, со цел да го заштити.
На социјалните мрежи има многу коментари со омраза за седумгодишното дете.
„Се надевам дека ќе ја намокриш оваа вратоврска со солзи“, „Ова дете треба да се злоставува, само така ќе напредува“ и слични коментари се појавија на Интернет. Коментарите ја згрозија британската јавност.
Малиот Џорџ го молеше тато Вилијам да го однесе на натпреварот и да се облечат исто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.