Нов морничав предизвик се појави во Америка, а тоа е полевање и пиење на зовриена вода.
Анџела Гут од Кентаки е уапсена откако не повикала итна помош за 11-годшното момче кое нејзиниот син го полеал со врела вода пренесува „Фокс“.
Тешко повреденото момче Бил Оливер во изјава за полицијата рекло дека спиело кај својот другар кога поради предизвикот „врела вода“ било тешко повредено.
Момчето се здобило со изгореници од втор и трет степен, а неговата мајка Патриша Оливер споделила фотографии од него на Фејсбук за да ги предупреди родителите на виралниот тренд кој може да биде погубен.
Минатата седмица 15-годишен тинејџер во сојузната американска држава Индијана се здобил со изгореници од втор степен по лицето и телото откако пријателите го полеале со врела вода додека спиел и се обидувале да го довршат предизвикот „врела вода“. И 11-годишно девојче од Њујорк се здобило со изгореници на лицето и градите откако пријателите во овој предизвик ја полеале со топла вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.