Емина Јаховиќ конечно проговори за заедничкиот имот кој го стекнала во бракот со Мустафа Сандал, што беше тема за која многу се заборуваше и пишуваше после нивниот развод.

Сиот имот кој Мустафа и јас го стекнавме им припаѓа на нашите деца, а фала богу, тоа е доволно за тие двајца да одат во најдобри училишта и да имаат добри стартни позиции – рекла Емина за Стори.

Таа признала и дека нејзиниот постар син Јаман не можел да спие после разделбата на родителите, но и дека донела одлука нејзините деца да не се советуваат со нејзината  сестра, која е детски психијатар.

Во психијатријата не е препорачливо член на смејството да ви дава совети, а сестра ми ме упатуваше да одам на консултации со нејзините колеги. Меѓутоа, јас како мајка знаев што е најдобро за моите деца и се раководев од моите инстинкти. Приоритет ми беше со Мустафа да останам во добри односи, бидејќи знаев дека тоа ним им е најважно.

Многу е тешко кога жената ќе остане сама со децата и луѓето би требало да имаат повеќе разбирање за разведените мајки, посебно мажите кои влегуваат во нивните животи-истакнала пејачката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.