Логично е ученциите да спијат подолго ако наставата почнува подоцна, но малку е познато дека подолгиот сон има позитивно влијание на нивното здравје, среќа и оценки. Во американскиот град Сиетл од неодамна наставата не почнува во 7:50, туку во 8:45 часот. Тоа е одлука на градските власти и е дел од реорганизацијата на наставата во државните училишта.
Научници од државниот Универзитет Вашингтон и од Институтот за биолошки науки истражуваа како влијае таа промена на учениците. Истражувањето покажа значително подобрување на квалитетот на сонот, а времето на станување е приближно до природното време на будење за тинејџерите. Покасното почнување на наставата резултираше со тоа учениците во просек да спијат 34 минути подолго, односно од просечно 6 часа и 50 минути нивното спиење е продолжено на 7 часа и 24 минути.
Научниците истакнуваат дека тоа е битно затоа што на тинејџерите им треба повеќе спиење отколку на нивните родители. Луѓето имаат циркадиски ритам, односно биолошки часовник кој сигнализира кога е време за спиење, а кога е време за бидење. Во пубертетот тој циклус е продолжен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.