Денешните деца немаат трпение, недружељубеви се, досадно им е, а родителите многу им попуштаат. Децата се во многу лоша емотивна состојба, а голем број од нив немаат желба за учење на училиште, а за тоа придонесуваат многу фактори на модерниот живот, смета терапевтот Викторија Прудеј.
Таа секојдневно е сведок на алармантната и распостранета појава во одност дете – родител и своите забелешки ги нотирала во неколку точки.
Имам долгогодишно искуство со работа со деца, родители и учители и се согласувам дека нашите деца стануваат се полоши во многу сегменти. Како што знаеме, мозокот е променлив. Поради опкружувањето, може да го направиме посилен или послаб. За жал, верувам дека мозокот на децата го менуваме во погрешен правец, вели Прудеј.
Ова се причините, според Прудеј.
Децата добиваат се кога ќе посакаат – не учат да се борат со стресот.
„Гладен сум“ – веднаш застануваме до првиот ресторан, „Жеден сум“ – еве вода, „Досадно ми е“ – земи го телефонот!
Способноста да се одложи задоволување на нивните потреби е една од клучните карики за идниот успех. Имаме најдобри намери, да ги направиме децата среќни, но за жал ние ги правиме среќни во миг, но несреќни на долги патеки. Да имаш способност да ги одложиш задоволувањето на потребите на децата значи да бидеш способен да функционираш под стрес. Нашите деца стануват помалку спремни да се носат и со најмалиот извор на стрес кој им станува голема пречка во постигање успех во натамошниот живот.
Ограничена општествена интеракција
Сите имаме обврски, така што често им даваме дигитални уреди и на тој начин ги „вработуваме“. Порано децата играа надвор каде што беа во природна средина и на тој начин ги вежбаа социјалните вештини. За жал, технологијата го замени времето поминато надвор. Технологијата не може да им помогне на децата да ги развиваат социјалните вештини, а многу успешни луѓе токму општествената интеракција е тоа што го краси нивниот карактер. Тоа е приоритет.
Мозокот е мускул кој може да се вежба. Ако сакате вашето дете да вози велосипед, ќе го научите тоа да го прави. Ако сакате ваште дете да биде способно да чека, треба да го научите на трпение. Ако сакате да се социјализира, треба да го научите на социјални вештини.
Бескрајна забава
Вештачки создадовме забавен свет за нашите деца. Не постојат здодевни моменти. Оној миг кога ќе стане тивко, веднаш итаме да ги забавуваме, бидејќи, во спротивно чувствуваме дека не ја извршуваме својата родителска должност. Живееме во два одделни света – тие имаат свет на забава, ние свет на обврски.
Зошто децата не ни помагаат во кујната или со облеката? Зошто не ги собираат своите играчи? Тоа е детална, еднолична работа која го вежба мозокот.
Мобилен телефон како бебиситерка
Да се користи технологијата како бесплатно чување на детето всушност воопшто не е бесплатно. Плаќаме со детскиот нервен систем, нивното внимание и нивната способност за одложување на задоволување на потребите. Во споредба со виртуелната стварност, секојдневието е многу здодевно. Технологијата исто така емотивно ги исклучува децата од семејството. Мозокот на децата најмногу се храни со родителската емоционална достапност. За жал, децата постепено ги лишуваме од таа храна.
Децата диктираат како ќе ги воспитаме
„Мојот син не сака зеленчук“, „Не сака рано да оди на спиење“, „Не сака да појадува“, „Не сака играчи, но добро се снаоѓа на ајпад“, „Не сака сама да се облече“…
Ова постојано го слушам. Од кога децата диктираат како ќе ги воспитуваме? Ако тие се прашуваат постојано би јаделе макарони со сирење и печива со кашкавал, би гледале нонстоп телевизија и никогаш не би оделе на спиење. Затоа не се плашете да поставите граници – кога се оди на спиење, кога се јаде и кога е време за технологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.