Ким Кардашијан и Канје Вест конечно го објавија името на нивното четврто дете, родено од сурогат мајка. Ријалити ѕвездата на својот профил на „Твитер“ ја објави честитката од нејзиниот сопруг по повод Денот на мајката и така го откри името на новороденчето.
Синот ќе го носи името Псалм Вест. Инспирацијата за името доаѓа од Библијата, особено што и Канје Вест во последниот период покажал поголем интерес религијата.
Psalm West pic.twitter.com/F0elQd1cJq
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) May 17, 2019
Ким и Канје се во брак од 2014 година и имаат четири деца, 5-годишната Норт, 3-годишниот Сент, едногодишната Чикаго и неодамна родениот Псалм. Медиумите шпекулираа со името на бебето, а една од најчестите претпоставки беше Бер или Теди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.