Пратеникот Антонио Милошоски во изјава за порталот „Фактор“ вели дека Новата година ќе ја прослави во својот дом во кругот на своето потесно семејство, кое патем брои шест членови. Годинава што изминува по четврт пат стана татко, откако во ноември се роди неговата трета ќерка Илина.
Истовремено и неговиот колега од Собранието и сопартиец Влатко Ѓорчев има четири деца, со што неговото последно дете Катерина дојде на свет во 2016-та, па Милошоски на шега вели дека во 2019-та има шанси да продолжи нивниот „натпревар“.
Јас секако нема да го предизвикувам, немам таква намера, но ако Влатко прв повлече потег, ќе размислам дали да му израмнам – изјави Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.